fbpx
  •   +389 2 3099 500

Болеста ме научи да верувам, да имам надеж и да бидам благодарна

Борбата со карциномот на дојка, болест чие име секој се плаши да го спомне, мене ме научи да верувам, да имам надеж и да бидам благодарна.

Не престанав да верувам дека ќе се излекувам. Имав доверба во мојот доктор. Благодарна сум му за сé што имам. Наместо да велам „Јас го победив карциномот“, јас постојано велам „Научив да живеам со карциномот".

Прочитај повеќе

Сега сум оптимист за животот

Мојата борба со карциномот на дојка започна на 25 април 2010 година. Кога забележав дека грутката, која што мислев дека е резултат на месечни промени на моето тело, сè уште е присутна, веднаш му се јавив на мојот  гинеколог. Кога ме прегледа пред 4 месеци, сметаше дека нема потреба од ултразвук на дојки. По направениот ултразвук и мамографија, беа дијагностицирани фиброцистични маси во двете дојки и требаше хируршки да се отстранат. Веднаш почнав да барам квалификуван хирург и на крај одлучив мојата операција да ја направам во „Аџибадем Систина“. Напјрво, ми направија биопсија на двете маси и примероците беа испратени до патологија. Кога ми се јави докторот за резултатите, му реков на мојот сопруг „имам претчувстводека резултатите не се добри“. Иако тој не се согласи со мене, инстинктот не ме излажа, мојот доктор ми кажа со обични и едноставни зборови дека имам карцином на дојка. Следниот ден, имав втората интервенција, каде што ми отстранија маса од 2,9 см и испитуваа дали карциномот почнал да се шири во лимфните јазли. Како резултат на ова, тие ги отстранија само сентинелните лимфни јазли.

Прочитај повеќе

Се ќе се среди

„Кога си заминав од ординацијата на докторот, знаев дека започнува нов период во мојот живот. Си реков „можеш да се справиш со ова“. Го ангажирав моето семејство и пријатели да најдат добар доктор и центар.“

Прочитај повеќе

Никогаш не прашав „зошто јас“?

Датумот кога мојот свет се распадна беше 02.05.20012 година. Кога по мојот рутински мамограм, докторот ми кажа дека сака повторно да ме провери со ултразвук, не очекував дека ќе има некој проблем. По ултразвукот, докторот инсистираше веднаш да ме види хирург. Сум имала подеми и падови во животот, но во тој момент целиот живот ми се преврте наопаку. Првите 15 дена бев во бунило... Ги фатив ќерка ми и снаа ми под рака и отидов да ми направат тестови за да се утврди дијагнозата и неизбежниот резултат, малигна маса во левата дојка, друга нова маса која се формира во десната дојка. И тоа не е се, уште една не толку бенигна маса на десното белодробно крило во горниот лобус. Интересен е фактот што сите се самостојни, без метастази. Во моето тело истовремено имав три различни „штетници“; тие се обидуваа да ми наштетат ...

Прочитај повеќе

Победив во борбата со карциномот на дојка со помош на моите најблиски

Пред две години, додека се капев забележав грутка во пазувите. На почеток не се посомневав во ништо, но подоцна една од моите пријателки, која е онколог, инсистираше да отидам во болница каде што работи и да се проверам. Бев постара и наводно високо образована, но до таа возраст никогаш не сум била на редовен преглед на дојки. Едноставно, не помислувате дека тоа вам ќе ви се случи! Кога ја дознав дијагнозата бев избезумена, но за време на третманот станав посилна. По третманот што го направив само заради пријателката, текот на мојот живот драстично се забрза и промени.

Прочитај повеќе

Карциномот ми помогна да созреам

Мојот живот се промени многу брзо по мојата 35 годишна возраст. Се омажив со човекот на мојот живот, имав прекрасна свадба а потоа ми се роди син. По една година доење, за време на мојот самопреглед, почувствував грутка. Се јавив на доктор и заради тоа што сè уште доев, решивме да почекаме.

Прочитај повеќе

Од денеска живеам за себе

Се сеќавам колку бев преплашена и во паника кога бев дијагностицирана со карцином на дојка. Многу малку луѓе се внимателни како што сум јас, кога станува збор за проблеми со здравјето. Одам на рутински прегледи уште од 45 години, од 48 години секоја година одам на мамографија.

Прочитај повеќе

Луѓето ме гледаа со мисла дека ќе умрам

Никогаш не мислев дека ова може да ми се случи мене, но со цел да се победи карциномот, треба да се соочиш со ситуацијата. Сосема друга работа е кога им кажуваш на луѓето околу тебе. Нивниот став веднаш се менува, се чувствуваш одвоен. Повеќето од нив ме гледаа со помисла дека ќе умрам. Најважната работа кога имате карцином е да се има семејство и пријатели кои ќе бидат тука за вас. Од таа страна бев несреќна. Сопругот и децата се најголема поддршка. Луѓето што мислев дека ми се пријатели, свесно или не, станаа далечни.

Се спријателив со нови луѓе, луѓе кои имаат карцином на дојка како мене... Навистина постои солидарност меѓу нас. Ние се разбираме меѓу себе, си помагаме едни со други во процесот. Многу е важно што од неодамна, невладините организации и компаниите имаат кампањи кои го насочуваат вниманието кон карциномот на дојка и поддржуваат важни проекти. Овие се многу позитивни случувања, кои ја зголемуваат свеста за карцином на дојка.

Прочитај повеќе

Ми ги отстранија и двете дојки

"Пред три години бев дијагностицирана со карцином на дојка. Претходно, мојот доктор ми рече дека постои веројатност да имам фиброцистични заболувања на дојката и треба да имам контрола на секои шест месеци, како и годишни мамограми. Никогаш не прескокнав ниту еден преглед. Моето семејство има историјата на карцином на дојка. Мајка ми исто така имала карцином на дојка, но бидејќи и се појавил на 60 години, имав мал ризик за канцер. Иако ризикот беше мал, сепак карциномот се појави. Мојата прва реакција беше: „Зошто јас?“. Целото семејство беше шокирано. Мојот сопруг, децата и сите други се обидоа да си се утешат меѓусебно, но сепак тајно плачевме, бидејќи веќе имавме поминато по такво нешто.

Прочитај повеќе