•   +389 2 3099 500

Превенција од карцином на дојка

Одржувајте идеална тежина

Зголемувањето на тежината го зголемува ризикот од карцином на дојка. Оваа врска станува уште поочигледна во периодот по менопаузата со оглед на тоа што во овој период главниот извор на естроген е масното ткиво на телото. Со други зборови, големо количество естроген кај жените се синтетизира во масното ткиво. Истражувањата покажуваат дека исто така е важна распределеноста на тежината низ целото тело. Потврдено е дека жените каде тежина е сконцентрирана околу нивниот абдомен и во горниот дел од телото имаат различен хормонски профил во споредба со жените чија прекумерна тежина е сконцентрирана околу нивните колкови и нозе. Истражувачите тврдат дека ризикот од карцином на дојка е поголем кај жените во првата група затоа што глобулинот за врзување полови хормони е понизок кај овие жени и поголемо е количеството на слободен естроген. Како последица на тоа се зголемува веројатноста дека слободниот естроген ќе се врзе за ткивото на дојката.

Избегнувајте апчиња кои содржат естроген

Се верува дека комбинираните терапии кои содржат и естроген и прогестерон се поризични од оние кои содржат само естроген. Па така, треба да се избегнува употребата на хормони освен ако нема медицински оправдана потреба за тоа.

Вежбајте редовно

Редовното вежбање овозможува контрола на тежината и го става во рамнотежа високото ниво на естроген. Исто така, редовното вежбање го зајакнува имунолошкиот систем. Истражувањата покажуваат дека вежбањето барем 4 пати неделно пред менопаузата значително го намалува ризикот од карцином на дојка. Спортувањето по менопаузата е дури поважно затоа што зголемувањето на тежината во тој период го зголемува нивото на естроген и го зголемува ризикот од карцином на дојка.

Намалете ја консумацијата на алкохол

Истражувањата покажуваат дека ризикот од карцином на дојка е за 40% поголем кај луѓе кои редовно консумираат алкохол секој ден во споредба со оние кои не го практикуваат тоа. Овој резултат се објаснува со фактот дека алкохолот го зголемува нивото на естроген во крвта.

Откажете се од цигарите

Пушењето го зголемува ризикот од повеќе видови канцер вклучувајќи и карцином на дојка. Следствено, редовното вежбање и непушењето се многу важни за здрав живот.

Дали карциномот на дојка може да се спречи со лекови?

Превентивна хормонска терапија може да се започне кај жени кај кои е проценето дека имаат висок ризик од карцином на дојка. Во рамките на оваа терапија се користат лекови со активни состојки на тамоксифен и ралоксифен. Истражувањата покажуваат дека зачестеноста на случаи на карцином на дојка кај жените кои спаѓаат во групата високо ризични се намалува до 50% благодарение на овие лекови. Тие имаат и несакани ефекти, меѓу кои пред сè згрутчување на крвта. Затоа се препорачуваат од доктор по направените клинички испитувања.