fbpx
  •   +389 2 3099 500

Болницата „Аџибадем Анкара“ работи 24/7 како општа болница. Болницата нуди услуги во многу медицински области со тим на искусни специјалисти и модерна и напредна технологија. Благодарение на тродимензионалната дигитална томосинтеза на дојка пациентите добиваат помало ниво на зрачење, додека тродимензионалните слики овозможуваат рана дијагноза на карцином на дојка.

 

Болницата „Аџибадем Бодрум“ работи 24/7 во сите области на медицината. Освен за жителите во Бодрум и околината, таа, исто така, нуди квалитетни здравствени услуги и на туристите кои престојуваат во Бодрум. Оваа болница, водејќи грижа за удобноста и безбедноста на пациентите, се издвојува од другите со својот комфор, современ архитектонски концепт и инфраструктура со напредна технологија.

 

 

„Аџибадем Ескишехир“ обезбедува квалитетна здравствена нега на пациентите во областите Афјон, Кутахја и Билеџик заедно со Ескишехир. Овие пациенти нема потреба да одат дури во Анкара или во Истанбул за лекување. Болницата нуди посебна нега во областа на медицинска онкологија и хемотерапија.

„Аџибадем Адана“ претставува пример за врвна здравствена нега со својот истакнат тим специјалисти и современа опрема. Болницата ја има најсовремената технологија за дијагноза на карцином на дојка. Центарот за онкологија и радиотерапија е, исто така, далеку познат по третманите на пациенти со канцер.

 

„Аџибадем Бурса“ е првата болница на Здравствената групација „Аџибадем“ надвор од Истанбул што нуди здравствена нега во сите гранки на современата медицина. Во болницата се наоѓа и Центарот за карцином кој ги вклучува онкологија и радиотерапија. Овој центар нуди услуги во дијагноза, одредување на стадиум на карциномот, лекување, следење на ефектите од лекувањето. Исто така, овозможува радиотерапија за многу видови канцер, со најновата медицинска опрема од страна на специјализирани лекари.

 

„Аџибадем Козјатаги“ располага со најсовремена медицинска технологија, специјализирана за неврологија и онкологија. Во склоп на болницата, којашто постои од 2004 година, е еден од најпознатите центри за лекување канцер благодарение на Центарот за радиотерапија и онкологија.

„Аџибадем Кадиќој“ е првата болница на Групацијата „Аџибадем“, како и првата приватна болница во азискиот дел на Истанбул. Болницата е отворена во 1991 година, а целосно била опремена во 1998 година. „Аџибадем Кадиќој“ користи напредна технологија за лекување и рана дијагноза на карцином на дојката.

 

 


 

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е првата приватна клиничка болница во Р Македонија која нуди услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Благодарение на врвните специјалисти, признати во регионот, и најсовремената технологија, болницата овозможува прецизна дијагноза и ефикасен третман на болестите на дојките. Радиотерапијата во центарот за дојка се спроведува  на моќниот акцелератор Trilogy. Овој апарат овозможува високи зрачни дози кон туморот, и максимална заштита на здравото ткиво. Предноста на Центарот за дојка е во можноста во секој момент да ги прифати пациентите со болести на дојката, што е особено важно кога станува збор за брза дијагноза, хируршко и онколошко лекување на карциномот. Во центарот за дојка, благодарение на искусниот тим на специјалисти, пациентите добиваат максимална поддршка за време на лекувањето

Клиничката болница „Аџибадем Интернационал“ е позната по тоа што е „прва“ во повеќе области: прва приватна болница во Истанбул, прва болница во која е направена операција на отворено срце, отворен првиот центар за ин витро оплодување и болница со првиот апарат за магнетна резонанца.

 

Кога станува збор за здравствена нега, оваа болница привлекува голем број пациенти не само од областа Кајсери туку и од Централна Анадолија. Болница обезбедува услуги во сите области на медицината. Користејќи напредни медицински методи за дијагноза и лекување канцер, претставува пример за другите центри за канцер во Централна Анадолија.

 

„Аџибадем Коаџели“ е најуспешната болница во регионот поради квалитетот на здравствените услуги што ги нуди. Болницата, исто така, овозможува дијагноза и лекување канцер со помош на најмодерна опрема и врвни специјалисти.

Болницата „Аџибадем Фулја“, која се наоѓа во централните делови на Истанбул, опфаќа Центар за дојка кој овозможува лекување на канцер со видни специјалисти и современа опрема. Болницата со своите услуги за спортска медицина, ортопедија, претставува пример за другите болници во оваа област.

 

 

 

„Аџибадем Бакркој“ е една од најголемите болници во Истанбул. Во 2008 и во 2009 година комплетно се реновирале болничките катови и операционите сали со цел да биде во тек со најновите иновации и да обезбеди подобра услуга. Во „Аџибадем Бакркој“ пациентите со карцином на дојка добиваат психолошка поддршка во лекувањето заедно со специјална програма за вежби и исхрана.

 

Клиничката болницата „Аџибадем Маслак“ е пример дека Турција може да се натпреварува на глобално ниво во здравствениот сектор. Болницата со својата уникатно дизајнирана архитектура, технолошката инфраструктура, специјалните оддели и искусни специјалисти овозможува здравствена нега во сите гранки на медицината. Центарот за дојка во рамките на оваа болница нуди комфор за пациентите преку мултидисциплинарниот пристап во дијагностицирање и лекување на карцином на дојка, искусни специјалисти и најсовремена технологија. Овој центар е единствен во сферата на лекување на карцином на дојка бидејќи обезбедува најнова технологија, како на пример тродимензионална томосинтетска дигитална мамографија, четиридимензионален ултразвук, МР на дојки и биопсија на дојки.