•   +389 2 3099 500

Марија Марковска, 37 (економист)

Сега сум оптимист за животот

Мојата борба со карциномот на дојка започна на 25 април 2010 година. Кога забележав дека грутката, која што мислев дека е резултат на месечни промени на моето тело, сè уште е присутна, веднаш му се јавив на мојот  гинеколог. Кога ме прегледа пред 4 месеци, сметаше дека нема потреба од ултразвук на дојки. По направениот ултразвук и мамографија, беа дијагностицирани фиброцистични маси во двете дојки и требаше хируршки да се отстранат. Веднаш почнав да барам квалификуван хирург и на крај одлучив мојата операција да ја направам во „Аџибадем Систина“. Напјрво, ми направија биопсија на двете маси и примероците беа испратени до патологија. Кога ми се јави докторот за резултатите, му реков на мојот сопруг „имам претчувстводека резултатите не се добри“. Иако тој не се согласи со мене, инстинктот не ме излажа, мојот доктор ми кажа со обични и едноставни зборови дека имам карцином на дојка. Следниот ден, имав втората интервенција, каде што ми отстранија маса од 2,9 см и испитуваа дали карциномот почнал да се шири во лимфните јазли. Како резултат на ова, тие ги отстранија само сентинелните лимфни јазли.

Постојано се прашував „зошто јас“?

Би сакала да се заблагодарам на мојот сопруг, кој неуморно ми одговараше на прашањето „зошто јас?“, како и на моите доктори и на мојата сестра Марта која цела ноќ беше тука за мене. По операцијата, моите доктори ме информираа за процесот на лекување. Тогаш имав 33 години и цел живот беше пред мене. Според следниот тест, нивото на естроген ми беше позитивно. На овој начин, примав шест третмани со хемотерапија на 21 ден, а потоа 30 дена примав радиотерапија. Бидејќи никој друг во моето семејство немал претходно искуство со канцер, разговаравме со докторот за причините, условите и за методите на лекување и како би ми влијаела хемотерапијата физички и емотивно. Дознав дека мојата коса ќе почне да паѓа, кои промени ќе се случат во моето тело, на што треба да обрнам внимание, колку е важна хигиената и како ќе ми ослабне имунолошкиот систем. Се обратив на психолог за психолошка помош. По активното лекување, почнав да пијам лекови што ќе ги користам 5 години. Моите естроген хормони беа потиснати и можноста за повторно појавување на карцином беше минимизиран. Сè уште одам на контролни прегледи на секои 6 месеци, кои во првите 3 години беа на секои 3 месеци. Имам прекрасни пријатели кои исто како мене, претходно биле пациентки со карцином на дојка. Се собираме еднаш во месецот во вторник и разговараме заедно со мојот психолог. Со нашите искуства, се обидуваме да им помогнеме на оние кои треба да се лекуваат.

Болеста ме научи да верувам, да имам надеж и да бидам благодарна.

„За време на мојата борба со карциномот на дојка, искуството ме научи да верувам, да имам надеж и да бидам благодарна. Никогаш не ја изгубив верба дека ќе бидам подобра. Им верував на моите доктори. Бев благодарна за сè што имав. Наместо да велам „го победив карциномот јас викам научив да живеам со оваа болест.“