Зошто „Аџибадем“?
Зошто да ги одберете центрите за дојка во Здравствената групација „Аџибадем“?
Со својот мултидисциплинарен пристап, современа технологија и врвни специјалисти Здравствената групација „Аџибадем“ овозможува напредна дијагноза и третман на карциномот на дојка. „Аџибадем“ обезбедува квалитетни здравствени услуги за рана и точна дијагноза, како хируршки интервенции за заштита на дојката.
1. Мултидисциплинарен пристап
За дијагноза и лекување на карцином на дојка потребно е заедничко мислење и одлуки од специјалисти од повеќе области. Овој начин на лекување, што експертите го дефинираат како мултидисциплинарен пристап, ја зголемува стапката на успех при дијагноза и лекување на карцином. Центрите за дојка во рамките на Здравствената групација „Аџибадем“ го прифаќаат и имплементираат овој пристап. Со помош на искусните специјалисти од торакална и реконструктивна хирургија, радиологија, патологија, медицинска онкологија и радиотерапија, како и современа технологија, овие центри нудат мултидисциплинарен пристап во дијагноза и третман на пациентите.
Заради овој пристап обезбедени се и други услуги во согласност со потребите на пациентот. Пациентите со карцином на дојка добиваат мултидисциплинарен пристап преку повеќе области, од консултации за исхрана и генетика, програми за психолошка помош, физикална терапија до групи за поддршка.
2. Современа технологија
Во Здравствената групација „Аџибадем“ раната дијагноза, третманот и лекувањето се спроведуваат со најсовремена опрема. Следејќи ги најновите трендови во светот, „Аџибадем“ воведува нова технологија. Благодарение на новата технологија, пациентите имаат можност за современа дијагноза и лекување.
Тродимензионален томосинтетски мамограм: Еден од најновите и најважни ресурси на дигиталната технологија. Канцерогените маси лесно можат да се видат благодарение на сериското снимање на дојките. Ова овозможува навремено откривање на карцином. Поради својот зголемен капацитет за прецизна дијагноза, овој мамограм ја намалува потребата од дополнителни снимања, биопсии и операции.
Четиридимензионален ултразвук на дојка: Со оваа најсовремена 4Д технологија дојката се снима во стандардни позиции. По снимањето, снимките ги прегледува доктор на посебен екран. Најважната разлика на овој метод од основниот ултразвук е добивање стандардизирани снимки во секое време. Во текот на снимањето не се испушта ниту еден дел од дојките и постои помала веројатност за грешка од страна на докторот.
Вакуум биопсија: Овој метод, кој е всушност најнапредниот метод на иглена биопсија, овозможува отстранување на малите и бенигни маси без операција.
Биопсија на дојка со МР: Прегледот на дојка со помош на МР се користи како предоперативен третман за утврдување на други жаришта кај жените дијагностицирани со карцином на дојка. Овој метод се користи за снимање на пациенти со висок ризик. Сомнителните наоди кои не се видливи со други методи на снимање може да се откријат со оваа технологија.
Интраоперативна радиотерапија: Радиотерапијата може да се изведе за време на хируршка интервенција со помош на LIAC. Со овој метод не е потребно да се чека раната да зарасне по операцијата за да се планира радиотерапија или секојдневно да се оди во болница за терапија. Оваа опција е поприфатлива за пациентите. Исто така, се скратува времетраењето на третманот.
Еднократната доза се спроведува со помош на уредот за интраоперативната зрачна терапија кој користи линеарен акцелератор, на ист начин како стандардната зрачна терапија. Овој метод се применува во операциона сала со употреба на безбеден и пренослив уред кој работи на линеарен и забрзан начин, испушта само електрична енергија и не е потребна голема заштита на персоналот за разлика од стандардните линеарни акцелератори. Дополнително, покрај хируршкиот тим што ја врши операцијата, во операциската сала се присутни и специјалист онколог и медицински физичар. На овој начин радиотерапијата се изведува за време на операцијата.
3. Стручен и искусен тим
Покрај современата и модерна технологија со која располагаме, нашиот тим е составен од врвни и искусни специјалисти во својата област. Нашиот тим овозможува консултации и редовни лекарски прегледи за пациенти кои се со ризик од карцином на дојките, при што со помош на раната дијагноза им се намалува можноста за добивање карцином.
4. Рана и точна дијагноза
Центрите за дојка во „Аџибадем“ овозможуваат рана и точна дијагноза благодарение на нивниот целокупен пристап. Центрите овозможуваат „рана и точна дијагноза“ со обезбедување на томосинтетска мамографија, четиридимензионален ултразвук, клинички преглед на дојки и обука за самопреглед. Исто така, тие овозможуваат приватни консултации и редовни лекарски прегледи за пациенти кои се со ризик од карцином на дојките, при што со помош на раната дијагноза им се намалува ризикот.
5. Реконструкција на дојка
Целосно отстранување на дојката поради канцерогеното ткиво е непријатна состојба за многу жени. Отстранувањето на дојка води до дисморфобија и ја нарушува перцепцијата за самите себе. Поради оваа причина, во лекувањето на карциномот на дојка се цели кон зачувување на дојката. Видните хирурзи во Здравствената групација „Аџибадем“, исто така, спроведуваат онкопластична операција со помош на иновативни техники за реконструктивна хирургија.