fbpx
  •   +389 2 3099 500

Билјана Поп Христова, 36 (сметководителка)

Луѓето ме гледаа со мисла дека ќе умрам

Никогаш не мислев дека ова може да ми се случи мене, но со цел да се победи карциномот, треба да се соочиш со ситуацијата. Сосема друга работа е кога им кажуваш на луѓето околу тебе. Нивниот став веднаш се менува, се чувствуваш одвоен. Повеќето од нив ме гледаа со помисла дека ќе умрам. Најважната работа кога имате карцином е да се има семејство и пријатели кои ќе бидат тука за вас. Од таа страна бев несреќна. Сопругот и децата се најголема поддршка. Луѓето што мислев дека ми се пријатели, свесно или не, станаа далечни.

Се спријателив со нови луѓе, луѓе кои имаат карцином на дојка како мене... Навистина постои солидарност меѓу нас. Ние се разбираме меѓу себе, си помагаме едни со други во процесот. Многу е важно што од неодамна, невладините организации и компаниите имаат кампањи кои го насочуваат вниманието кон карциномот на дојка и поддржуваат важни проекти. Овие се многу позитивни случувања, кои ја зголемуваат свеста за карцином на дојка.

 

Раната дијагноза ми го спаси животот

Раната дијагноза е од клучно значење за оваа болест. За среќа, мојот карцином беше дијагностициран рано. Имав успешна операција. Имав четири сесии на хемотерапија и радиотерапија. Чувствував гадење, замор и болка. Навистина ми беше тешко во приватниот, социјалниот живот и работата. Долго време не можев да го видам светлото на крајот на тунелот. Лекарствата ме исцрпуваа и бев спремна да се откажам, кога ми се врати желбата за едно старо хоби - сликање. Тоа ми даде надеж. По моето закрепнување, моите цртежи дури и беа дел од една изложба! Она што е важно е држењето баланс во секојдневниот живот. Му благодарам на Бога што сега сум во ред. Се разбира дека ќе продолжам со контролни прегледи. Планирам да одам на крстарење околу светот. Сите жени со кои се среќавам, било млади или стари, ги советувам да прават редовни прегледи и мамограми. Сите жени треба да знаат да прават самопреглед по нивните месечни циклуси и да одат на снимања на дојките.

Покрај ова, позитивното размислување многу помага, го кажувам ова од искуство.

Ми ги отстранија и двете дојки

„Откако хируршки ми ја отстранија десна дојка бев скршена, но денешната медицината е толку напредна што ми направија нова дојка. Дури е и подобра од старата! Сепак, поради ризикот од карцином, хируршки ми ја отстранија и левата дојка и потоа имав пластична операција. На овој начин ризикот беше елиминиран и моите дојки изгледаа исто.“