•   +389 2 3099 500

Даница Сековска, 40 (машински инженер)

Победив во борбата со карциномот на дојка со помош на моите најблиски

Пред две години, додека се капев забележав грутка во пазувите. На почеток не се посомневав во ништо, но подоцна една од моите пријателки, која е онколог, инсистираше да отидам во болница каде што работи и да се проверам. Бев постара и наводно високо образована, но до таа возраст никогаш не сум била на редовен преглед на дојки. Едноставно, не помислувате дека тоа вам ќе ви се случи! Кога ја дознав дијагнозата бев избезумена, но за време на третманот станав посилна. По третманот што го направив само заради пријателката, текот на мојот живот драстично се забрза и промени.

Кога слушнав се онесвестив

На настаните се сеќавам како делови и сцени од филм: мамограм, ултразвук, намрштени доктори по испитување на резултатите, биопсија и суровата вистина; „Да, имате карцином на дојка“. Потоа го слушам докторот како ми вели „Добро е што го фативме во ран стадиум, ќе имате добри резултати од лекувањето“. Го слушам како забавена снимка, гласот станува подалечен. Подоцна докторите ми кажаа дека сум се онесвестила. Кога се повратив, мајка ми, син ми и сопругот изгледаа загрижено. Од тој момент, тие никогаш не ја пуштија мојата рака. За време на третманот бев силна. Надминав сè со помош на докторите, семејството и пријателите. За 15 дена докторите ја отстранија мојата дојка. Потоа следуваше процесот на хемотерапија и радиотерапија. Го поминав она што сите други жени со карцином на дојка поминуваат; ми падна косата, бев уморна цело време, се сожалував, ги мразев луѓето што ме сожалуваат, се чувствував гола и празна подолго време. Побарав помош од психолог, што беше подобро од лекови. Сега, како што го пишувам ова, фала му на бога, болеста е далеку зад мене. Меѓутоа никогаш не ги пропуштам моите термини за преглед. Продолжувам да ги советувам жените околу мене за опасноста која демне - карцином на дојката.