Зорица Петревска, 47 (учителка)
Се ќе се среди
„Кога си заминав од ординацијата на докторот, знаев дека започнува нов период во мојот живот. Си реков „можеш да се справиш со ова“. Го ангажирав моето семејство и пријатели да најдат добар доктор и центар.“
Ќе исчезне ако ја допрам...
Цело време ја проверував масата, мислејќи дека ќе исчезне ако ја допрам... Подоцна, закажав термин во центарот за дојка и отидов во болницата. Следуваа повеќе тестови: сцинтиграфија на коските, мамографија и иглена биопсија, а еден ден подоцна ги добив резултатите од биопсија според кои за жал, навистина имав карцином на дојка! Имам многу зрела 11-годишна ќерка. Кога дозна за ова, ми рече: „Мислев дека е нешто важно, па што, можеме да го победиме ова“. Од тогаш, немав право да се жалам. Целото семејство, мајка ми, тетка ми, внуците и внуките беа тука за мене; поддршката во вакви моменти многу смирува. За една недела имав операција. По операцијата докторите ми образложија дека дека туморот е 1 см, а според патологијата за време на операцијата, лимфата била во ред и не биле извадени сите лимфни јазли. Докторите само го исчистиле туморот. Потоа ги чекавме резултатите од патологија. По пет дена, дознав дека имам карцином во трет стадиум. Морав да примам хемотерапија. Првото нешто што ми дојде на ум беше мојата црвена коса, што сите ја обожаваа.
Мојот живот се промени по третманот
Хемотерапијата со 12 сесии започна. Една недела по првиот третман, си ја скратив косата, а потоа си ја избричив главата. За среќа, тешките денови се зад нас. По исцрпувачкиот но успешен процес, со мојот сопруг решивме да започнеме нов живот. Се преселивме во нова куќа и ја запишавме ќерката во ново училиште. Мојот сопруг се откажа од работата и отвори мал ресторан, во кој помагам и јас. Одам на редовни прегледи. Се разбира, животот не е розов. Станав крупна и ќелава жена и одреден период не можев да се погледнам во огледало. Со тек на време се намали отокот. Мојата коса почна да расте во својата природна боја. Се водам по здрава исхрана за да се вратам на мојата нормална тежина. Сакам да обрнам посебно внимание на моето здравје. Се надевам дека ќе биде сè во ред.