fbpx
  •   +389 2 3099 500

Дуња Василевска, 66 (домаќинка)

Никогаш не прашав „зошто јас“?

Датумот кога мојот свет се распадна беше 02.05.20012 година. Кога по мојот рутински мамограм, докторот ми кажа дека сака повторно да ме провери со ултразвук, не очекував дека ќе има некој проблем. По ултразвукот, докторот инсистираше веднаш да ме види хирург. Сум имала подеми и падови во животот, но во тој момент целиот живот ми се преврте наопаку. Првите 15 дена бев во бунило... Ги фатив ќерка ми и снаа ми под рака и отидов да ми направат тестови за да се утврди дијагнозата и неизбежниот резултат, малигна маса во левата дојка, друга нова маса која се формира во десната дојка. И тоа не е се, уште една не толку бенигна маса на десното белодробно крило во горниот лобус. Интересен е фактот што сите се самостојни, без метастази. Во моето тело истовремено имав три различни „штетници“; тие се обидуваа да ми наштетат ...

До 2 јуни, завршив со двете операции, на дојката и белите дробови и решив да ја земам работата во свои раце. Заедно со ова генетско наследство, решив на моите деца да им оставам сила да се борат, да се храбрат и да имаат надеж. Хемотерапијата ја поминав со минимална штета, благодарение на позитивното размислување, љубовта од моето семејството и пријателите, но главно се должи на поддршката и негата на целиот тим на одделот за онкологија. Се чувствував сигурна и силна знаејќи дека сум на право место.

Не ги игнорирам контролните прегледи

Поминаа 3,5 години откако оставив сè зад себе. Никогаш не ги пропуштам контролните прегледи. Можноста за ризик се намалува секој ден. Мојата перспектива драматично се промени. Животот е убав и ми се допаѓаат убави нешта. Од денот на дијагностицирањето до денот на завршување на операциите, се сеќавам на една работа; никогаш не прашав „зошто јас?“. Зошто да не! Зошто јас да сум привилегирана? Она што може да се случи на други луѓе, може да се случи и на мене. Така и се случи! Доколку сме свесни за овој факт, можеме многу порано да ја забележиме опасноста и да преземеме мерки на претпазливост за истата. Не заборавајте „раната дијагноза спасува животи“. Вчера, го спаси мојот живот, утре, може да го спаси вашиот.