fbpx
  •   +389 2 3099 500

Ѓурѓица Трајковска, 40 (менаџер)

Ми ги отстранија и двете дојки

"Пред три години бев дијагностицирана со карцином на дојка. Претходно, мојот доктор ми рече дека постои веројатност да имам фиброцистични заболувања на дојката и треба да имам контрола на секои шест месеци, како и годишни мамограми. Никогаш не прескокнав ниту еден преглед. Моето семејство има историјата на карцином на дојка. Мајка ми исто така имала карцином на дојка, но бидејќи и се појавил на 60 години, имав мал ризик за канцер. Иако ризикот беше мал, сепак карциномот се појави. Мојата прва реакција беше: „Зошто јас?“. Целото семејство беше шокирано. Мојот сопруг, децата и сите други се обидоа да си се утешат меѓусебно, но сепак тајно плачевме, бидејќи веќе имавме поминато по такво нешто.

Грижата за изгледот го надминуваше стравот од смртта

Сите ми кажуваат колку сум убава, луѓето на улица се вртеа по мене поубаво да ме забележат. Живеејќи на овој начин, прво имав страв од смрт проследено со грижа за изгледот. Мора да признам дека помислата за губење на косата и веѓите беше пострашна од смртта. Мојот сопруг ме бодреше многу, тој ме смееше велејќи: „секој може да изгледа убаво со две дојки, ти изгледаш прекрасно само со една дојка“. Една недела по дијагнозата имав операција. Изборот на доктор е од клучно значење за овој процес; тој/таа треба не треба да те гледа како секој пациент, како робот. Докторот кој те разбира веднаш се разликува од сите. Целосно верував во мојот доктор. Иако ризикот од проширување на карциномот беше низок, тој ме советуваше за секој случај да имам хемотерапија. Имав сериозни проблеми со гадење. По хемотерапијата имав 28 радиотераписки сесии. Се сеќавам дека за време на процедурата, ги затварав очите и сонував како сум на одмор и некој ме масира. По две сесии косата и трепките почнаа да ми опаѓаат.

Поубава сум од било кога

Носев перика и вештачки трепки. И покрај сè, се дружев со луѓе. По хемотерапијата мојата коса почна да расте, ми го поттикна моралот. Откако хируршки ми ја отстранија десната дојка бев скршена, но денешната медицината е толку напредна што ми направија нова дојка. Дури е и подобра од старата! Сепак, поради ризикот од карцином, хируршки ми ја отстранија и левата дојка и потоа имав пластична операција. На овој начин ризикот беше елиминиран и моите дојки изгледаа исто. Секако дека не беше лесно, операцијата траеше 6,5 часа! Сега сум позитивна, за среќа сум здрава и моето тело изгледа подобро од било кога.