fbpx
  •   +389 2 3099 500

Александра Крстева, 50 (архитект)

Од денеска живеам за себе

Се сеќавам колку бев преплашена и во паника кога бев дијагностицирана со карцином на дојка. Многу малку луѓе се внимателни како што сум јас, кога станува збор за проблеми со здравјето. Одам на рутински прегледи уште од 45 години, од 48 години секоја година одам на мамографија.

Погледнав во очите на докторите и знаев

На тестовите открија жариште со 2-мм. Радиологот ми кажа дека дијагнозата може да се потврди само со биопсија и дека уште е рано за грижи, но не се согласив со него. Погледнав во неговите очи, тие немаа надеж. Потоа, отидов на преглед кај пријателка гинеколог. Таа ме советуваше да се консултирам веднаш со општ хирург. На крај требаше да одлучам дали да правам биопсија или лумпектомија (чистење на областа на жариштето). Се сеќавам дека многу плачев и бев многу вознемирена. Во тој момент се соочив со вистината. Според извештаите од патологија, имав карцином и докторите ме советуваа за радиотерапија. За време на третманот, крвта ми беше слаба, чувствував отекување во зглобовите, и топлина во моите дојки, несакани ефекти од радиотерапијата. Иако добро се хранев, имунолошкиот систем ми беше намален. И покрај сè, имав енергија. Сакав секаде да сум присутна, не сакав да пропуштам ниту еден момент од живот. Станав многу ранлива. Мразев кога луѓето ме прашуваа за болеста, како ми е, а ги мразев уште повеќе кога не ме прашуваа. Се обидов да се фокусирам на работата. Како архитект, патувам многу и ги организирам службените патувања во зависност од моите третмани. Работата ми даде желба да издржам.

Мојот третман заврши успешно. Направив сè што ми беше кажано и внимавам на моите прегледи. Сега живеам за себе.

Луѓето ме гледаа со помисла дека ќе умрам

„Едно утро, додека правев самопреглед пред огледало, почувствував грутка. Бев исплашена и воедно не сакав да помислам дека е она од што се плашев. Се консултирав со пријателка што е доктор. Таа ми предложи да ме прегледа некој добар хирург. Животот е полн со изненадувања, еден момент си среќна, енергична, успешна, а следниот имаш карцином.“