fbpx
  •   +389 2 3099 500

Најчесто поставувани прашања

  1.       Колку често се појавува карциномот на дојка?

Тоа е најчестиот облик на карцином кај жените и бројот на пациенти дијагностицирани со карцином на дојка се зголемува секоја година. Сепак, со зголемувањето на бројот на случаи на рано дијагностицирање значително се намали смртноста како последица од карцином на дојка. Исто така, 1% од сите случаи на карцином на дојка се мажи.

  1.       Дали карциномот на дојка е генетско заболување?

Карциномот на дојка е болест која може да се развие како резултат на мутации на некои гени. Во генетските истражувања на некои семејства може да се видат траги од овие мутирани гени (како БРЦА-1, БРЦА-2 и ПТЕН) кои биле пренесени. Од оваа причина, откривањето на тоа дали кај една жена има генетски ризик или не треба да биде неопходен дел од клиничките испитувања на дојките. Со цел да се открие генетски поттикнат карцином на дојка, кој сочинува 5% од сите случаи на карцином на дојка, семејната историја на сите дијагностицирани пациенти треба да биде анализирана.

  1.       Што треба да се направи за рана дијагноза?

Во последниве години пациентите се дијагностицираат во раната фаза на болеста благодарение на зголемената свесност за карциномот на дојка. Клучот за рана дијагноза се редовните месечни самопрегледи на дојките кај секоја жена. Доколку забележи било какви промени треба да се консултира со хирург. Исклучиво важно е жените, кои не се во ризична група, да прават клинички испитувања на дојките и мамограф еднаш годишно по 40-годишна возраст, дури и ако немаат симптоми. Жените во ризична група треба да се консултираат со својот доктор и да бидат следени во рамките на политиката за личен скрининг.

  1.       Што треба да очекува пациентот по дијагнозата?

Денес карциномот на дојка е болест на која се лекува со мултидисциплинарен пристап. Па така, хирургијата, медицинската онкологија и радијациската онкологија треба да истапат во раната фаза на лекувањето. Лекувањето треба да се испланира со усогласеност на овие три гранки. Тврдењето „карцином на дојката води до губење на дојката“ почнува да губи веродостојност. Дојките кај поголемиот број пациенти може да се зачуваат, а хемотерапијата и радиотерапијата по операцијата овозможуваат значителен успех. Дел од пациентите, кај кои не се препорачува да се направи операција со зачувување на дојката, примаат хемотерапија пред операцијата и така се создаваат соодветни услови за операција со зачувување на дојката штом се намали туморот.

  1.       Освен појавата на грутка, кои се другите симптоми на карцином на дојка?

Напипани грутки, вдлабнатини и едема на кожата на дојката, постепеното зголемување на асиметричноста на брадавицата и вовлекување на брадавицата се доволни причини да се обратите кај хирург. Исто така, се препорачува да се посети искусен хирург во  случаи кога од брадавиците истекува крвав или безбоен исцедок.

  1.       Може ли лекувањето да има и несакани ефекти?

Може да се појават некои компликации по операцијата од карцином на дојка. Сепак, поголемиот дел од овие компликации не се сериозни проблеми и може да се излечат за краток временски рок. Во случаи на црвенило и исцедок или откривање грутка во пределот на хируршката лузна, пациентот треба да се консултира со хирург. Отокот кој може да се види на раката во оперираниот дел од телото треба, исто така, да се сфати сериозно и повторно за ова да се информира хирургот. Кај пациентите кои примаат хемотерапија, за несаканите ефекти на лековите кои се земаат како дел од третманот треба да се зборува со онкологот на почетокот на лекувањето и да се преземат потребните мерки. Кај пациентите кои примаат хормонска терапија тегобите кои се јавуваат како резултат на третманот, исто така, треба да се земат предвид. За крај, пациентите кои примаат радиотерапија исто така треба да зборуваат со радио-онкологот за очекуваните проблеми пред почетокот на лекувањето.

  1.       Како се одредува времетраењето на лекувањето?

Содржината и времетраењето на лекувањето може да варираат во зависност од фазата на болеста во која се наоѓа пациентот и одлуката кој од предложените методи да се примени. Не постои стандардно времетраење за лекување од карциномот на дојка. Протоколот и времетраењето на лекувањето кај секој пациент се определува индивидуално по мултидисциплинарната проценка на која претходи дијагноза. Покрај тоа, може да се направи и измена во текот на лекувањето во зависност од клиничката реакција. Што се однесува до хормонската терапија, со која се почнува ако карциномот има хормонски рецептори, оптималното траење е најмалку пет години.

  1.       Што може да се направи за пациентите кај кои е направена мастектомија?

Пациентот кој се одлучил за мастектомија, според планот за лекување, треба да разговара со специјалист по пластична и реконструктивна хирургија пред операција на дојката. Може да се стават импланти по пат на хируршка интервенција која може да се изведе во за време или по мастектомијата. Овие операции, кои се изведуваат со користење на сопственото ткиво на пациентот или со синтетички материјал сега се прифатени како дел од лекувањето и најголем дел од пациентите ги прифаќаат.

  1.      Што може да се направи за да се спречи карциномот на дојка по лекувањето?

Со оглед на фактот дека карциномот на дојка е болест зависна од естроген, важно за пациентите е нивото на естрогенот. Најчестата причина за ова кај повозрасните жени е терапијата со замена на хормони која почнува во периодот по менопаузата. Се верува дека комбинираните терапии кои вклучуваат естроген и прогестерон се поризични од оние кои се исклучиво естрогенски. Поради оваа причина треба да се избегнува употребата на хормони, освен ако за тоа нема медицинска оправданост. Намалувањето на консумацијата на алкохол и откажувањето од цигари придонесуваат за поздрав живот. Докажано е и дека улогата на висококвалитетната исхрана е многу важна. Подеднакво важно е и да се вежба со соодветно темпо и одмор кога ќе се почувствува замор. Пациентот треба да побара помош доколку не се чувствува добро. Тој може да се обрати кај медицинската сестра во центарот за дојка, која пред сè е член на стручниот тим.

  1.      Дали помага палијативната медицина?

Не треба да се зема било какво супстанца без одобрување од докторите, кои се одговорни за процесот на лекување. Лековите и билките не само што може да имаат и несакани ефекти ако не соодветствуваат на лекувањето туку и ја намалуваат неговата ефикасност. Иако сè почесто е мислењето дека јогата и медитацијата влијаат позитивно врз процесот на лекување, не постојат доволно докази кои го потврдуваат ова.