fbpx
  •   +389 2 3099 500

Најчести болести на дојките

„Благодарение на напредокот на медицината и превентивните кампањи во светски рамки, карциномот на дојка се смета за хронична болест која може да се контролира. Најважно е да биде откриена навреме и да се третира според најсовремените тераписки протоколи.“ вели д-р Маја Стојчевска Чапова.

Според нејзиното искуство, најчестата причина за жените да посетат специјалист за дојки е појавата на цисти, напипувањето на болна грутка во градите, како и воспалителните промени на дојките или мастит.

Во емисијата „Телма амбуланта“ д-р Чапова ги објаснува најчестите болести на дојките, а дава и стручни совети за превенцијата на карциномот на дојка преку редовни прегледи и мамографија.