fbpx
  •   +389 2 3099 500

Хемотерапија

Што е хемотерапија?

Хемотерапијата значи дека на пациентот му се даваат еден или повеќе лекови со цел да се уништат канцерогените клетки. Се спроведува по одредени протоколи за лекување кои најчесто комбинираат еден или повеќе цитостатски лекови. Со хемотерапија за 15-30% се намалува можноста од повторно појавување на болеста и намалување на бројноста на смртни случаи.

Кога се применува?

Кај случаи на карцином на дојка, хемотерапијата обично се применува по операцијата. Со исклучок на некои посебни ситуации, хемотерапијата обично е првиот метод кој се применува кај пациенти кои имаат карцином во напредната фаза кој не може да се отстрани оперативно или, пак, се заболени од канцер кој се проширил до другите органи. На пример, со цел да се направи операција со зачувување на дојката кај пациенти во рана фаза на болеста, хемотерапијата некогаш може да биде првиот метод на третман. Кај овие пациенти, наместо мастектомија, отстранување на целата дојка, се планира туморот да се намали со хемотерапија и подоцна да се отстрани со зачувување на дојката.

Кој не може да прима хемотерапија?

Хемотерапија не може да примат пациенти со сериозни срцеви нарушувања, проблеми со бубрезите, со црниот дроб, нарушен имунолошки систем или нарушувања на свеста.

Кои се несаканите ефекти?

Помеѓу раните несакани ефекти од системската хемотерапија на прво место се: намалување на леукоцитите во крвта (бели крвни зрнца), како резултат на нарушувања на имунолошкиот систем, анемија, мачнина, повраќање, губење апетит и опаѓање на косата. Сепак, денес има сè помалку несакани ефекти кои се поврзуваат со хемотерапијата благодарение на дополнителната грижа пред и за време на третманот. Пациентите треба да бидат набљудувани внимателно затоа што хемотерапијата може да доведе до престанок на месечен циклус или срцеви проблеми.

Кога хемотерапија, а кога хормонска терапија?

Во случаи на карцином на дојка, при донесувањето одлука кој третман ќе се примени, хемотерапија или хормонска терапија, предвид се земаат возраста на пациентот, големината на карциномот, биолошките и патолошките својства на карциномот. Според овие податоци, пациентот спаѓа во една од трите групи: со низок, среден или висок ризик.

Според ова:

  • Кај пациентите со карцином помал од 2 см кој не се проширил до аксиларните лимфни јазли се земаат предвид други малигни својства на карциномот, овие пациенти се сметаат за пациенти со висок ризик и ним им се дава хемотерапија.
  • Речиси сите пациенти со тумор од 2 см или поголем или кој се проширил до аксиларните лимфни јазли се сметаат за подложни на хемотерапија (доколку возраста и општата состојба на пациентот се соодветни или доколку нема сериозна болест која ги спречува да примаат хемотерапија).
  • Кај пациентите кај кои хемотерапијата е спорна, кои имаат карцином со позитивни рецептори за естроген/прогестерон и кои се кандидати за хормонска терапија, во донесувањето одлука помагаат резултатите од онкотип DX тест и генетски тест. Онкотип DX тестот е тест кој го испитува постоењето на 21 ген кои играат улога во повторното појавување на карциномот така што го определува ризикот од повторно појавување на болеста и одредува веројатност за повторно појавување. Доколку резултатот од овој тест е низок, пациентот спаѓа во групата нискоризични и не му се доделува третман со хемотерапија, туку се применува само хормонска терапија. Доколку резултатот е висок, се применува хемотерапија верувајќи дека тоа ќе делува позитивно на пациентот и потоа се почнува со хормонска терапија.