fbpx
  •   +389 2 3099 500

Современа технологија

Дали карактеристиките на опремата која се користи имаат влијание врз успехот на третманот?

За максимална придобивка од радиотерапијата, планирањето и техниката на радиотерапија мора да бидат многу добро организирани. Со цел да се постигне ова задолжително е да се има опрема со развиена технологија, но она што е најважно е да постои искусен и стручен радиотерапевтски тим кој ќе знае да ракува со неа. Кај 3-димензионалната комфорнална (3D-CRT) и зрачна терапија со модулација на интензитет (IMRT) кај кои се употребува напредна технологија, планирањето се прави со компјутерска томографија пред почетокот на третманот. Се прави соодветно приспособување на дозата за нормалните ткива и целниот орган. Планирањето може повторно да се направи доколку специјалистот не е задоволен од резултатите.

Современи апарати за радиотерапија

Линеарни акцелератори (TRILOGY): Кај пациенти кои се на зрачна терапија се користи современ линеарен акцелератор со високоенергетски генератор на Х-зраци. Со овој апарат, во текот на зрачењето, со високи дози се зрачи туморот, додека здравите ткива се максимално заштитени. Како и конвенционалниот третман, благодарение на својството за електронско снимање на линеарниот акцелератор кој служи за 3-димензионална конформална терапија и зрачна терапија со модулација на интензитетот (IMRT), деловите кај пациентот кои се третираат да се следат за време на третманот.

Кои се предностите од употребата на овие апарати во третман на карцином на дојка?

Кај радиотерапијата, апаратите за третман кои се нарекуваат линеарни акцелератори се користат речиси 50 години. Основниот механизам на овие апарати функционира на следниот начин: електроните се забрзуваат и зраците кои се добиваат од различни енергии според потребите на пациентот се применуваат на местото каде што се наоѓа карциномот. Општите карактеристики на овие зраци се нивната висока енергија, брзо навлегуваат во телото и имаат способност да се применат на целото тело.

Во последните години, третманот со радиотерапија напреднува благодарение на развојот на компјутерската технологија. Снимките кои се добиваат од компјутерската томографија ги покажуваат карциномите во телото. Радиоонколозите ги обележуваат карциномите и здравите ткива во делови и потоа со помош на 3 димензионални слики, радиотерапевтот го прави планот за третман. Во текот на третманот зраците продираат до карциномот од различни страни со цел да се создаде сигурност дека допираат до целниот волумен. Целта на третманот е да се нанесе што е можно повисока доза во целниот волумен со цел да се уништи карциномот. Во меѓувреме, друга важна цел е да се заштити здравото ткиво и органите од зраците во текот на третманот затоа што зрачењето може да биде штетно за здравото ткиво. Ако се зрачат нормални ткива, стапката на несаканите ефекти расте. Во последниве години се развија 3-димензионален комформален третман и третман со модулација на интензитетот со цел да се намалат овие ефекти и да се спроведе највисоката доза на карциномот, а притоа здравите ткива да се заштитат максимално. Со овие методи, со приспособување на дозата на зрачење во пределот кој се зрачи, посакуваната распределба на дозата е близу идеална. Додека карциномот се зрачи со поголеми дози, здравото ткиво е максимално заштитено. На пример, кај зрачење на дојката со овие методи, при зрачење на дојката со посакуваната доза, белите дробови, срцето, поголемите крвни садови на срцето и другата дојка се штитат колку што е можно повеќе.

Со зрачна терапија со модулиран интензитет се овозможува поголема прецизност на третманот или прилагоденост на дозата кон волуменот што сакаме да го зрачиме

Овој метод овозможува пациентот да се снима пред секоја сесија на радиотерапија. Па така, точноста на областа што се третира се пресметува со милиметарска прецизност и доколку пациентот се помести, позицијата веднаш му се исправува. Друга можност што се нуди со овој третман е тоа што се овозможува преглед на напречен пресек за време на третманот. Следствено, грешки кои настануваат поради околните органи кои ја опкружуваат областа што се третира, како и движења на карциномот може да се откријат и да се коригираат за време на третманот. Па така, се овозможува зрачење на карциномот со минимална штета за здравите ткива.

Центрите за дојка во Групацијата за здравствена заштита „Аџибадем“ се опремени со современа технологија за радиотерапија

Во Центрите за дојка на Групацијата за здравствена заштита „Аџибадем“ се користат современи апарати за третман на карциномот на дојката.

  •     LIAC – линеарен акцелератор со кој зрачната терапија се спроведува во текот на операцијата со третман со единечна доза.
  •     1 Varian Trilogy со портал со висока резолуција, KV систем за снимање, својство за радиотерапија водена од снимки (IGRT),
  •     1 Varian DHX Rapid Arc Linear Accelerator и системи за планирање на лекувањето .
  •     Varian Varisource HDR Brachytherapy со кој се изведува брахитерапија поставувајќи радиоактивни извори во телесните празнини или во ткивата.