fbpx
  •   +389 2 3099 500

Често поставувани прашања за радиотерапија

Дали се чувствува болка за време на третманот?

Не, процедурата е многу слична на зрачење со X-зраци или компјутерска томографија.

Смеам ли да се движам?

Не, движењето може да го помести местото кон кое е насочена терапијата. Сепак, дишењето и голтањето може слободно да се одвива. Се советува дишење со нормален ритам, но не треба да земате длабок здив. Вашиот терапевт ќе Ви ја објасни техниката за задржување на здивот која и претходи на процедурата со зрачење.

Дали ќе бидам сама во просторијата за време на третманот?

Да, но ќе Ве следат преку аудио и видео екрани. Во меѓувреме, доколку имате некакви проблеми може да комуницирате со специјалистите.

Дали ќе се акумулира радиоактивност во мене за време на третманот?

Не, зрачењето што го примате за време на третманот нема да се акумулира во Вашето тело, следствено нема да ги повредите луѓето и децата околу Вас.

Дали може да се капам?

Може да се туширате со млака вода. Сепак, нежно мијте ја областа која е третирана само со бебешки шампон и исплакнете ја без триење, нежно користете сува крпа и не користете фен. Не го тријте местото со груба ракавица за капење и нежно тапкајте го местото со сува крпа. Може да користите навлажнувачки сапун или креми препорачани од доктор за местото што се третира.

Дали можам да се сончам или да пливам?

Озрачената кожа мора да се заштити од сонце за време на третманот и по него сè додека кожата не биде во подобра состојба. Не се препорачува пливање во морска вода, ниту во хлорирана вода за време на третманот. На крајот на Вашиот третман докторот ќе Ви каже кога можете да пливате, во зависност од состојбата на Вашата кожа.

Што треба да јадам?

Според третманот, може да се консултирате со Вашиот доктор за деталите во исхраната на кои треба да обрнете внимание. За време на Вашиот третман обидете се да внесувате мали и чести оброци. Дефинитивно, стојте настрана од цигарите и не се препорачува редовна употреба на алкохол. Можно е да имате потешкотии со голтањето во зависност од местото на кое се врши радиотерапија, за кое ќе ги добиете потребните информации од Вашиот доктор.

Дали ќе имам промени на кожата за време на третманот?

Кожата изложена на радиотерапија понекогаш може да биде црвена или да изгледа како да е изгорена од сонце. Неколку недели подоцна кожата може да стане сува и црвенилото да се зголеми. Областа што била третирана може да стане потемна отколку претходно, но овие промени на бојата обично исчезнуваат неколку недели по третманот. Освен тоа, во случаи на црвенило, осип, акни, лупење или сипаници, важно е да не се нанесува ништо на местото и да се консултирате со Вашиот доктор или медицинска сестра. Исто така, важно е да не носите тесна облека, да не ја триете, четкате или чешате чувствителната кожа на местото  што било третирано.

Дали ќе ја изгубам косата?

Доколку зраченото место е влакнест дел од кожата или скалп, влакната кои се наоѓаат на местото кое се третира може да паднат. Земајќи предвид дека кожата во пределот на дојката не е влакнеста, нема да Ви паднат влакна, освен во пределот на пазувите доколку и тие се зрачат.

Дали можам да продолжам со мојот сексуален живот?

Освен пациентите кои примале радиотерапија во карличната област (долниот дел на абдоменот и репродуктивните органи), останатите можат да продолжат нормално со својот сексуален живот.

Дали треба да се повтори радиотерапијата?

Повторна радиотерапија на иста дојка не се препорачува. Сепак, во посебни случаи специјалистот одлучува дали третманот треба да се повтори или не.

Точно или неточно: Жените кои примиле радиотерапија треба да избегнуваат физички контакт со своите пријатели и семејство затоа што шират зрачење.

X-зраците кои се користат во третманот на карцином на дојка не остануваат трајно во телото. Затоа овие пациенти не преставуваат опасност за луѓето околу нив