fbpx
  •   +389 2 3099 500

Кои се ризик фактори?

10  ризик фактори за карцином на дојка

Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува кај жени. Карциномот на дојка се јавува кај помалку од 1% од мажите.

Возраст: Карцином на дојка се јавува кај жените над 50-годишна возраст, додека поретко се јавува кај жени под 35 години. Во САД од 2000 до 2004 година карцином на дојка бил дијагностициран кај 25 од 100 илјади жени на возраст 30-34, кај 190 од 100 илјади жени на возраст од 45-49, и 455 од 100 илјади жени на возраст од 70-74. Наследниот карцином на дојка или карцином на дојка предизвикан од генетски нарушувања најчесто е присутен кај помладите жени.

Семејна историја: Многу важен фактор на ризик е доколку некој во потесното семејство, особено од страна на мајката (мајка, тетка, баба и ќерка) имал карцином. Ризикот е дури поголем доколку овие роднини имале карцином на дојка пред менопауза и/или имале операција на двете дојки.

Хормон естроген: Колку порано жената првпат добила менструација (на пример пред 12-годишна возраст) толку подоцна таа влегува во менопауза (на пример на 55 години) и ризикот од карцином на дојката е повисок. Се смета дека користењето апчиња за контрацепција го зголемува ризикот од карцином на дојка.

Хормонска терапија по менопауза: Долготрајното користење (пет години или повеќе) на комбинирани хормонски лекови кои содржат естроген и медроксипрогестерон ацетат, пропишани од страна на акушери и гинеколози со цел да ги намалат проблемите за време на менопаузата, како што се топлите бранови, го зголемува ризикот од карцином на дојка повеќе од нивните копии кои содржат само естроген.

Претходна биопсија на дојка: Секундарните хиперплазии кои може да се откријат при биопсија на дојка го зголемуваат ризикот за карцином на дојка за 1,5-2 пати (незначително), атипична дуктална хиперплазија за 3-5 пати (умерено) и лобуларен карцином ин ситу (на свое место - не се шири), или атипична дуктална хиперплазија или лобуларна хиперплазија проследена со семејна историја за 8-10 пати (високо).

Историја на карцином на дојка: Карцином во едната дојка речиси двојно го зголемува ризикот од карцином во другата.

Радиотерапија: Пациентите кои биле на зрачење на дојките поради други видови карциноми во детството (лимфом и слично) имаат поголема веројатност од појава на карцином на дојка.

Исхрана и фактори на окружување: Исхраната богата со масти и угоеноста го зголемуваат ризикот од појава на карцином на дојка особено кај жените во менопауза. Додека конзумирањето алкохол (повеќе од една чаша на ден), исто така, го зголемува ризикот, ефектот од пушењето сèуште се дебатира. Од друга страна, познато е дека редовното вежбање и физичка активност го намалуваат ризикот од карцином на дојка.

Генетски нарушувања: Наследните гени на карцином на дојка (БРЦА 1 и БРЦА 2[1]) опфаќаат 5-10 % од сите случаи на карцином на дојка. Жените кои во потесното семејство имаат семејна историја на карцином на дојка од страна на мајката имаат поголем ризик од карцином.

Точно или неточно: Доколку немам историја на карцином на дојка во семејството, немам ризик од карцином на дојка.

75 % од жените кои имаат карцином на дојка немаат семејна историја за оваа болест. Фактот што се „жени“ е доволна причина да го носат ризикот од карцином на дојка.