fbpx
  •   +389 2 3099 500

Николина Сотировска, 38 (домаќинка)

Карциномот ми помогна да созреам

Мојот живот се промени многу брзо по мојата 35 годишна возраст. Се омажив со човекот на мојот живот, имав прекрасна свадба а потоа ми се роди син. По една година доење, за време на мојот самопреглед, почувствував грутка. Се јавив на доктор и заради тоа што сè уште доев, решивме да почекаме.

Следниот месец направив мамографија и открив дека имам карцином на дојка. Иако ризикот од карцином кај мајките кои дојат е мал, болеста ме избра мене! Целото семејство се собра. Сите ме подржаа. Се мотивирав себеси велејќи: Ќе си го пораснам синот, ќе си ги видам внуците. Следно имав биопсија и за една недела ми ја отстранија левата дојка. Сè се случи толку брзо што не се сеќавам како се чувствував, ако воопшто и чувствував нешто. По операцијата следуваше хемотерапија. Болка, замор ... период од мојот живот на кој не сакам да се сеќавам. Истовремено требаше да се грижам за мојот син и имав проблеми со мојот сопруг. Третманот траеше речиси една година, а ќе продолжам со лекови уште неколку години.

Пишував дневник за да си ги средам мислите

Денес сум здрава и благодарна. Редовно пишував дневник за да си ги средам мислите. Откако ми се подобри здравјето, си ги читам работите што сум ги напишала. Јасно можам да видам што сум преживеала. Можеби еден ден ќе напишам биографија. Искуството им помага на луѓето кои се соочуваат со болеста за прв пат и оние кои се обидуваат да се справат со неа. Моето заболување ми помогна да созреам. Благодарна сум на сите мои најблиски и на моите вистински спасители- моите доктори.